Страшна сообраќајка близу обиколница: Загина жена, шестмина повредени во судир на минибус и „голф“

Од:

Вчера во 15,07 часот во СВР Скопје пријавено е дека на крстосница од магистрален пат Скопје – ГП Долно Блаце и сервисна улица која го поврзува патот со обиколницата околу Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу минибус „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки, управуван од Р.Х. (63) од Р.Косово и патничко возило „голф“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Ф.И. (19) од Скопје.

Ф.И., Р.Х., како и патниците од минибусот, К.А. (67) и В.А.А.(33) од Скопје, Г.М.(45) и Е.М. (75) од Косово биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош, а Ш.Ш. во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

На Ф.И., Р.Х., В.А.А., Е.М. и Г.М. им се констатирани телесни повреди, на Ш.Ш. тешки телесни повреди, а К.А. починала од здобиените повреди. Извршен е увид од СВР Скопје и известен јавен обвинител, а возачот Ф.И. е лишен од слобода.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски