Студија на ИСИЕ за олеснување на постапката за распишување референдум на локално ниво

Од:

Подобрување на можностите за организирање референдум на локално ниво е главната цел на студијата наречена „Како до поттикнување на непосредно учество на граѓаните за прашања од локален интерес?“, што беше промовирана денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје. Оваа студија е објавена во рамките на Проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво“ што беше имплементирана од страна на Институтот за стратешко истражување и едукација (ИСИЕ) од март 2018 до февруари 2019 година. Овој проект е финансиран од Европската Унија.

– Преку нашата активност сакаме да понудиме повеќе можности за реализирање на референдум на локално ниво, особено во контекст на изјасувањето за прашањата што се најбитни за граѓаните и од тие причини сакаме да ги искористиме странските искуства каде што референдумот на локално ниво е доста застапен и имаме повеќе можности да ја продлабочиме директната демократија, односно граѓаните директно да се изјаснуваат за прашањата што ги тангираат, појасни професорот на Правен факултет и истражувач на ИСИЕ Мишо Докмановиќ.

Тој додаде дека тие имаат работено со три општини: општина Бутел, општина Гази Баба и општина Арачиново.

– Компаративните истражувања покажуваат дека корисно е повеќе прашања да им поставите на граѓаните во еден момент, не да организирате посебен референдум за секое прашање кое ве тангира туку да наведете еднаш во годината или еднаш на две години листа од пет, шест прашања на кои што граѓаните ќе можат да се произнесат. Нашите истражувања во анкетата покажуваат дека генерално има голем интерес кај граѓаните за референдум и мислиме дека тоа треба да се поддржи, посочи Докмановиќ.

– За да се олесни постапката за распишување на референдум на локално ниво треба да се разгледаат можностите за ублажување на критериумите кои се однесуваат на бројот на потписи потребни за иницирање на референдум (да се намали од 20 на 10 отсто), да се зголеми рокот за собирање на потребните прописи, истиот да биде 30 дена наместо 15 дена, да се прецизира датумот на одржување на референдум од страна на советот на единицата на локална самоуправа во законски определен рок од моментот кога се собрани потписите од страна на граѓаните, да се прецизира дали одлука донесена на референдум може да се менува од страна на власта после две години и дали е потребно повторно спроведување на референдум, објасни професорот и учесник истражувач во проектот за градење на капацитети за организирање на референдум на локално ниво, Ивана Шумановска Спасовска.

Професорката смета дека кај факултативниот, односно консултативниот референдум, цензусот да биде намален.

-Во Законот за референдум и непосредно учество на граѓаните наидуваме на неусогласеност со Изборниот Законик, посебно во правната заштита. Потребно е да се изврши усогласување на овие два закона и прашањата за што се одлучува на референдум на локално ниво мора да бидат таксативно наведени како и да се изготви подзаконски акт од страна на Државната изборна комисија со кој на прецизен начин ќе се уреди и доразработи членот 12 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните. И општините и граѓаните да знаат што е тоа изборна надлежност на општините за да можат конкретно да видат за кои прашања може да се распише референдум, а за кои не, појасни Шумановска Спасовска.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Правниот факултет беше и остана храм на правото и правдата

А1он

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов