Студентското собрание бара дополнителните трошоци да не бидат на товар на студентите

Од:

Универзитетското студентско собрание при УКИМ (УСС-УКИМ) смета дека воведувањето на дополнителни трошоци за материјални и онлајн ресурси на некои факултети не треба да бидат на товар на студентите. Во денешното соопштение се наведува дека ќе се бара итен состанок со министерката за образование и наука Весна Јаневска, со цел во најбрз можен рок дополнителните трошоци да бидат надоместени од Буџетот на Република Северна Македонија, како што е предвидено согласно Законот.

– Според член 123, став 5 од Законот за високо образование „(5) тековните трошоци – комунални трошоци, одржување, опрема и потрошен материјал за реализација на студиските програми и за работењето на високообразовната установа – на јавните високообразовни установи во целост се надоместуваат од Буџетот на Република Македонија“, посочуваат од Универзитетското студентско собрание при УКИМ.

На состанокот што бил одржан по овој повод присуствувале раководството на Универзитетското студентско собрание при УКИМ, студентската правобранителка и претседателите на факултетските студентски собранија на Медицинскиот, Филозофскиот, Филолошкиот, Економскиот, Правниот, Природно-математичкиот, Машинскиот, Архитектонскиот и Градежниот, Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Факултетот за ветеринарна медицина, Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, како и замениците-студентски правобранители од Економскиот, Правниот и Градежниот факултет.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Критериумите, а не тиражот, се клучниот предизвик за учебниците

Редовните професори во иднина ќе имаат реизбор по седум години, нови закони за високо образование

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ

Катерина Ѓуровски

Второто полугодие за учениците почнува на 20 јануари

Отстранет e „Чациленд“, на негово место ќе има „Божиќно село“

Горан Наумовски

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето