„Студентски отпор“ најави протести доколку не им се исполнат сите барања

Од:

„Како што веќе добро е запозната јавноста беше најавен масовен протест пред МОН со цел да го изразиме големото незадоволство од немањето на слух за нашите барања“, велат од „Студентски отпор“.

„Овој протест требаше да е организиран од УСС при УКИМ, но сведоци сме дека на различен начин омилениот студент на Власта се обидува да го откаже истиот протест, притоа посочувајќи дека можеби е решен проблемот со ретроактивна исплата на разликата во стипендиите.

Мораме да потенцираме дека Студентски отпор нема да отстапи од протестите како чин за за да го искажаме својот револт доколку не ни се исполнат сите барања, бидејќи ние како студенти покрај ова имаме и други наши барања кои не се реализирани.

За потсетување, нашите барања кои што директно прозилегуваат од студентите се:

– Барање за средба со министерот за образование и претставници од Студентски отпор, како и вклучување на наши претставници во работните тела;

– Изедначување на стипендиите (ретроактивна исплата и нов анекс на договорите);

– Покачување на дневниот износ на субвенционираниот студентски оброк согласно инфлацијата на 160денари;

– Дигитализација и укинување на т.н. „скриени трошоци“ на факултетите;

– Бесплатен/субвенциониран меѓуградски превоз за студентите;

– Прецизни рокови за започнувањето и реализацијата на најавената реконструкција на студентските домови;

– Стипендирање на студентите на втор циклус студии;

-Модернизирање на лабораториите на природните и техничките факултети

– Прецизни рокови за започнување и реализација на изградбата на зградите на ФИНКИ и ДИФ.

Доколку и понатаму се нема слух за барањата на студентите ќе преземеме сериозни чекори, како што се масовни демонстрации на клучни крстосници во градовите, бојкотирање на настава и сл“, се додава во соопштението на „Студентски отпор“.

Би можело да ве интересира

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки