Студентски марш против екстерното денеска во Штип

Од:

Околу 200 студенти денеска напладне излегоа на студентски марш во Штип за да му кажат „Не“ на предлогот за воведување екстерно текстирање, односно државен испит на универзитетите, јави Радио МОФ. 

Студентите се собраа на Плоштадот „Слобода“ во Штип од каде се упатија кон Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ извикувајќи „Не за екстерно“ и „Придружете ни се“.

Претходно, студентите објавија повик низ социјалните мрежи за поддршка со цел да се искаже незадоволствoто кон најновиот предлог закон на владата за воведување на екстерно тестирање во високото образование.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Блиску сме до решение за студентскиот оброк, се разгледува ваучерски систем

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on

Левица: Планира ли некој да ја извести Јаневска дека студентскиот оброк, спротивно на Закон, три години не е покачен или свесно продолжува да лаже?!

Горан Наумовски

Левица: Три години студентскиот оброк e без усогласување, студентите се оштетени за 6,5 милиони евра

Горан Наумовски

Левица: ВМРОвскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година