Студентски дом „Скопје“: Студентите од денеска имаат греење и топли радијатори

Од:

„Ве известуваме дека Државниот студентски центар со помош на БЕГ ги реши и санира проблемите настанати со дефект во внатрешната инсталација во студентскиот дом „Стив Наумов“. Студентите од денеска имаат греење и топли радијатори, а од пред два дена и топла вода.

Проблемот којшто се јави со греењето и топлата вода беше од техничка природа поради дотраена опрема. Студентските домови беа затекнати во катастрофална состојба со долг од над 5 милиони евра од кој се подмирени 2 милиони евра. Продолжуваме да ги намалуваме заостанатите долгови, а истовремено вложуваме во подобрување на условите во домовите.

Ќе започне и реновирање на кујната во „Гоце Делчев“, реконструкција на крововите во “Стив Наумов”, поставување видео надзор за обезбедување и поголема безбедност на студентите, како и реализација на јавни набавки ма опрема по највисоки ИСО и ХАСАП стандарди. Наскоро ќе воведеме ново мени после повеќе од 15-тина години. Со тоа значително ќе се подобри исхраната со што решаваме уште еден голем проблем на студентите.

Проблемите се решаваат од корен, и ги уверуваме студентите дека условите за живот и учење во домовите ќе се подобруваат“ се вели во соопштението на Државен студентски дом „Скопје“ – Скопје.

Би можело да ве интересира

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје