Студентите во „Стив Наумов“ во петок ќе имаат топла вода и парно греење

Од:

Во постојана координација сме со екипите на БЕГ, се работи интензивно на терен за итно отстранување на дефектот и во рок од два дена, односно во петок, студентите сместени во студентскиот дом „Стив Наумов“ ќе имаат и топла вода и парно греење, информираат од Државниот студентски дом Скопје.

-Во моментов се работи на санирање на наследената катастрофална состојба во домовите и на замена на дотраената и стара опрема, а истовремено се исплатени и обврски во висина од два милиони евра од вкупно наследениот долг од пет милиони евра. Ги уверуваме студентите дека ќе се решат наследените проблеми во студентските домовите кои се затекнати во катастрофална состојба, а условите за живот и учење во студентските домови ќе продолжат да се подобруваат, соопшти Државниот студентски дом Скопје.

Во последна фаза, се вели во соопштението, е воведување на новото мени по повеќе од 15-тина години со што значително ќе се подобри исхраната која е голем проблем за студентите. Наскоро ќе почне реновирање на кујната во „Гоце Делчев“, реконструкција на покривите во „Стив Наумов”, поставување видео надзор за обезбедување поголема безбедност на студентите, подобрување на квалитетот на храната, и реализација на јавни набавки каде за разлика од минатото се бара исполнување на највисоките ISO и хасап стандарди.

Поради дефект на внатрешната инсталација во Студентскиот дом „Стив Наумов“ во една од вкупно четирите згради нема топла вода, а во две згради нема парно греење.

Би можело да ве интересира

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје