Студентите пешачат по 14 ката – не работат лифтовите во „Гоце Делчев“

Од:

Студентите во „Гоце Делчев“ останаа и без лифтовите – ниту еден не работи, а нагоре и надолу одат пешки.

studentskiPlenumpostlift

– Лифтовите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ не работат токму кога студентите треба да се иселуваат!

Се молат одговорните да преземат иницијатива – таблетите нема да им ги пренесат куферите на нашите колеги, апелираат од Студентскиот пленум.

Студентите бараат помош од надлежните кои досега многупати им ветуваа подобри услови.

– Со што ние заслуживме за да немаме топла вода, храна во мензите и продавниците, функционални лифтови и уште ред други неопходни услови за живот во нашите живеалишта, пишуваат тие.

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ веќе е светски познат по мизерните услови, а власта се уште го користи за изборни кампањи-на секои шест месеци има по некое ново ветување, а условите стануваат се полоши.

Студентите подолго време се жалат дека нема топла вода во зградата Г, нема ништо за јадење во мензата, а во продавницата за која добиваат бонови, нема ништо да се купи.

-Битно нека имаат таблети студентите, а не е битно што пешачиме по 14 спрата и немаме вода да се избањаме, пишуваат студентите.

Би можело да ве интересира

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on