Студентите од семејства со ниски примања можат да аплицираат за владината еднократна финансиска помош

Од:

Министерството за образование и наука информира дека во тек е повик за доделување еднократна финансиска поддршка на студентите за плаќање на дел од партиципацијата во трошоците за студирање, дел од трошоците за сместување во студентски дом, односно на трошоците за приватно сместување.

– Право да аплицираат за една од понудените опции имаат сите студенти чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија, а се дел од семејни домаќинства со низок доход. Износот на еднократниот финансиски надомест изнесува до 6000 денари, соопштија денеска од МОН.

Аплицирањето се врши на два начини, електронски или директно во Министерството за образование и наука.

Прв чекор во процесот на аплицирање е пријавување на кандидатите на платформата  www.digitalizirajse.mon.gov.mk,каде се одбира и начинот на кој ќе бидат доставени потребните документи и формулари (прикачени на посочената платформа). Повеќе информации околу условите, критериумите, документите и роковите за аплицирање се наведени во Уредбата со законска сила усвоена за реализација на оваа мерка за поддршка студентите, која е објавена на следниот линк http://mon.gov.mk/stored/document/Uredba_za_participacija.pdf..

Би можело да ве интересира

Левица: Планира ли некој да ја извести Јаневска дека студентскиот оброк, спротивно на Закон, три години не е покачен или свесно продолжува да лаже?!

Горан Наумовски

Левица: Три години студентскиот оброк e без усогласување, студентите се оштетени за 6,5 милиони евра

Горан Наумовски

Левица: ВМРОвскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“

Студентитите протестираа: УЈП вели мора да се пријави доход од странство, не се работи за нов данок

Катерина Ѓуровски