Студентите можат да го продолжат правото на стипендија до 30 октомври

Од:

Корисниците на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, кои ги исполнуваат договорните услови за негово продолжување, треба да достават документи во Министерството за образование и наука најдоцна до 30 октомври.

-Корисникот на стипендија треба да достави потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години и индекс на увид, како докази дека има положено 80 отсто односно 90 отсто (зависно од типот на стипендијата) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно со договорот за стипендија, наведува МОН.

Документите се доставуваат во писарницата на МОН или по пошта (препорачана пратка со повратница) на адреса: бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје.

Би можело да ве интересира

Објавени се резултатите за социјалните стипендии и за запишаните во дуалните паралелки

Горан Наумовски

Студентите во Србија не се откажуваат од своите барања: Подготвуваме нешто поголемо и помасовно

МОН објави резултати од конкурсот за доделување ученички стипендии за учебната 2025-2026 година

Почна аплицирањето за ваучери за студенти за набавка на лаптопи и таблети

Катерина Ѓуровски

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски