Студенти од Таџикистан и Пакистан се степале во Тетово

Од:

Полицијата ги приведе М.Ф.(23) и А.Ш.(19) од Таџикистан и И.Т.(20) од Пакистан, кои биле пријавени дека околу 10.00 часот, во кругот на Универзитетот на Југоисточна Европа, меѓусебно физички се пресметувале.

Во пресметката, според пријавеното, учествувал и Х.Т.(21) од Пакистан, кој се здобил со повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.

По целосно документирање на случајот против инволвираните, кои се студенти на овој Универзитет, ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина