Студенти и наставници од рускиот универзитет во Смара во посета на штипскиот универзитет

Од:

Ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Саша Митрев денеска оствари средба со студентите и професорите од Медицинскиот универзитет од Самара, Русија.

Митрев информира дека размената на студенти и на наставен кадар меѓу двата универзитети се одвива веќе шеста година по ред.

– Оваа традиција на размена на искуства и пракса меѓу студентите и наставниците се надевам дека ќе продолжи, имајќи предвид дека ние како универзитет секоја година праќаме по 15 студенти и наставници во Самара. Можно е оваа година да излеземе со предлог докторските студии што ги организираме во Штип на Медицинскиот факултет да бидат во соработка со Медицинскиот факултет од Самара, со што на некој начин ќе се даде едно повисоко и поквалитетно ниво на студии, вели Митрев.

Универзитетскиот професор Алексеј Сачук од Медицинскиот универзитет од рудскиот град Самара вели дека соработката меѓу двете високо образовни институции во изминатите шест години била плодотворна.
– Сакам да кажам дека нашиот здравствен систем е поинаку изграден од вашиот. За нас е интерсно како кај вас системот е организиран исто така и праксата. Го преземаме тоа искуство кај нас, вели Сачук.

Покрај размената на знаења и на искуствата во практичниот дел на маедицинските науки, студентите од рускиот универзитет во Самара се запознаваат и со културно-историските знаменитости на Македонија.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово