Студенска трибина „Трговија со луѓе -Ропство во 21-ви век“

Од:

Во организација на Проектот за развој на полицијата, финансиран од ЕУ, денеска ќе се одржи студентска трибина на темата „Трговија со луѓе – Ропство во 21-ви век“.

Студентската трибина ќе ги обедини студентите од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и од Факултетот за безбедност при Универзитетот „Климент Охридски“ – Битола, а со цел да ги отвори темите поврзани со причините кои доведуваат до појавата на овие криминални активности, последиците и најчестите облици на експлоатација на жртвите на трговија со луѓе.

Посебен акцент ќе биде ставен и на перспективата на сериозно кршење на човековите права, како и правните и институционалните механизми за справување со овој феномен.

Трибината се организира во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“, Меѓународната организација за миграции (ИОМ) и Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност.

Проектот финансиран од ЕУ „Понатамошна институционална надградба и градење на капацитетите на полицијата во областа на граничното управување, работата на полицијата со заедницата и борбата против организираниот криминал“ обезбедува стратешка поддршка на Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност со цел зголемување на оперативната ефикасност на Граничната полиција, зајакнување на капацитетите на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал за безбедно и ефикасно управување со класифицирани информации и борба против организираниот криминал, вклучувајќи го и финансискиот и комјутерскиот криминал, развивање на вештините на униформираните полицајци за ефикасно и ефективно работење, како и развој на анти-коруптивни.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нашите студенти кои студираат во странство, генерално, не се враќаат во државата

Рубио: САД ќе ги поништуваат визите за кинеските студенти

Студентите кои сакаат да студираат се заканија со штрајк со глад ако сите факултети во Србија не почнат со работа

Горан Наумовски

Вучиќ: Секоја блокада е насилство, државата ќе го избере моментот да одговори

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене