Струшките села се повеќе без електрична енергија

Од:

Жителите на струшките села Лабуништа, Боровец, Подгорци, Октиси, и неколку други села каде живеат повеќе од 15000 жители бараат од ЕВН конечно да го реши проблемот со нормалното снабдување со електрична енергија на овој дел од струшко.

Жителите велат дека веќе неколку дена се соочуваат со нередовно снабдување со струја. На пример струја немаше вчера од 20 часот навечер до рано утрово, а велат дека дополнителен проблем претставува и постојаниот прекин на струјата, исклучувањето и вклучувањето во секунда, што може да доведе до расипување на електирчните апарати.

Жителите на овие села за А1 велат дека најверојатно причина е дотарената мрежна инсталација и трафостаници. Собираат потписи со петиција која ќе биде доставена до ЕВН Македонија и до надлежните институции. Дополнителен проблем за овие населени места е и нередовното чистење на снегот, па животот во текот на зимскиот период е отежнат

Би можело да ве интересира

УХМР најавува обилни локални врнежи и снег на повисоките места

Горан Наумовски

Зимски услови на патиштата: магла на патот Тетово–Скопје, снег на Попова Шапка и на Пресека

Отежнат сообраќај на Плетвар и кај Крушево поради магла и снег

Денеска променливо облачно со локален дожд, а на планините снег

Слаб снег на Попова Шапка, во Маврово и Крушево

А1он

Најмалку педесетина жртви низ САД во зимскaтa бурa што ја погодија земјата