Струмичките пожарникари два дена го снабдуваат со техничка вода селото Мемешли

Од:

Втор ден по ред струмичките пожарникари со цистерна ги снабдуваат со техничка вода жителите на селото Мемешли откако им пресушили тамошните бунари.

-По барање на жителите до Општината веќе два дена им носиме вода до бунарите, кои заради сушата и топлото време пресушија. Водата не е за пиење, туку за лични потреби и за напојување на стоката. Со вода за пиење се снабдуваат од извори, а со доставување на техничка вода ќе продолжиме се додека е потребно, рече командирот на ТППЕ Струмица, Алексндар Гудев.

Инаку, во селото Мемешли живеат околу педесетина жители од турската национална заедница.

Би можело да ве интересира

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана