Струмичките матуранти одиграа квадрил

Од:

Стотина матуранти од Струмица денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ го одиграа традиционалниот квадрил на звуците од Штраусовата опера „Лилјакот“.

Матурантите ги поздрави градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој им посака многу успех во натамошниот живот.

– Навистина е чест и задоволство за нашиов град, што во континуитет ја негува оваа традиција и со тоа е составен дел од разиграната младост на стариот континент. Убаво е чувството, кога се знае дека во овој миг, во преку 120 градови од петнаесетина европски земји, матурантите имаат една единствена мисла, како со танцот да ги афирмираат општочовечките вредности, истакна градоначалникот Јаневски.

Пред почетокот на одигрувањето на квадрилот матурантите дадоа свечена заклетва за ненасилство.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски