Струмичките административци го учат знаковниот јазик

Од:

Во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица се одржува обука на вработените во државната администрација за изучување на знаковниот јазик на глувите и наглуви лица.
Обуката е на иницијатива на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Славе Гошев, а во организација на Здружението на глуви и наглуви лица од Струмица.

Виолета Голубова, секретар во Здружението, оваа иницијатива е добредојдена и со нејзина реализација ќе се олесни комуникацијата на граѓаните кои имаат потреба од услугите на администрацијата.

– Преку оваа работилница ќе извршиме обука на по еден вработен во државната администрација, а со познавањето на знаковниот јазик ќе надминеме уште една голема бариера во целосното вклопување на оваа група во нормалниот животен тек, нагласи Голубова.
Обуката започна на Денот на глувите и наглуви лица, а Иницијативниот одбор апелира до приватниот сектор, посебно до оние фирми кои врабутуваат лица со оштетен слух, да ја поддржат оваа иницијатива и да испратат свој претставник на обуката.

Во струмичко има регистрирано околу 250 лица со оштетен слух од кои стотина се членови на Здружението на глуви и наглуви лица преку кое ги остваруваат своите права.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица