Струмичани и денеска ќе протестираат

Од:

„Денеска, 18 април 2016 година (понеделник) во 18:00 часот пред старата полиција (мал градски парк,) ве повикуваме на мирен граѓански протест на кој заедно ќе го искажеме нашето незадоволство од моменталната состојба во која се најде нашата држава.

Огорчени од уништувањето на она малку преостанато од државноста на Македонија, гневни на самоволието со кое Никола Груевски и неговите соработници и полтрони ја уништуваат иднината на генерации македонски граѓанки и граѓани, неможејќи повеќе да седиме и немо да го набљудуваме разнебитувањето на сѐ што е демократско, одбивајќи да правиме компромис и да се пазариме со нелегитимниот режим, бараме:

– Оставка на Претседателот на Републиката поради срамниот обид да ја попречи правдата и да ги аболицира криминалците;
– Отпочнување на процес за избор на експертска влада, која ќе го подготви теренот за вистински слободни, кредибилни и демократски избори и која ќе го помогне, наместо да го саботира соочувањето со правдата на политичарите и властодршците за сторените кривични и криминални дела;
– Итно суспендирање на отпочнатиот процес на распишување на парламентарни избори.

Овие протести се на сите граѓанки и граѓани. Протестите ни припаѓаат на сите нам, обединети во лутината кон тековниот безизлез и во поривот за подобра иднина, која е поставена на демократски темели“, се вели во повикот за протест.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица