Струмичани доставиле 70 пријави за штети од јануарските снежни врнежи

Од:

Седумдесет жители на општина Струмица поднеле барање за претрпени штети од снежните врнежи во јануари до комисијата за утврдување и проценка на штети од природни непогоди при Советот на општина Струмица.

Најголем дел од пријавите, односно, 52 се од населеното место Куклиш, а останатите од други населени места.

Според Ацо Ѓоргиев претседател на Комисијата, увидот на терен се уште трае, а по неговото целосно завршување ќе се прават пресметките и извештајот ќе биде доставен до Советот на општина Струмица.

По усвојувањето од Советот, извештајот за проценетата штета ќе биде доставен до Републичката комисија за процена на штети, а потоа до Владата на Република Македонија која ќе донесе конечна одлука, дали ќе има и во колкав процент ќе биде обештетувањето

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски