Струмичанец убиен, па потопен во буре кај браната Турија

Од:

Основното јавно обвинителство Струмица донело Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од село Добрејци кое е осомничено дека сторило кривично дело – Убиство.

Истрагата е отворена, бидејќи како што соопштува Обвинителството постои основано сомнение дека осомничениот на седми мај оваа година на свиреп и подмолен начин го лишил од живот Ристо Илјашев, а потоа се обидел да го прикрие убиството.

Имено, осомничениот од претходно се познавал со жртвата и на критичниот ден се понудил да го превезе со својот автомобил Фиат пунто. Од тој момент на Илјашев му се губи секаква трага и тој повеќе од еден месец се водеше како исчезнато лице.

По наредба на јавен обвинител, биле преземени повеќе дејствија, биле извршени претреси на повеќе локации и била организирана опсежна потрага по исчезнатото лице, особено во реонот на браната Турија, каде што било забележано возилото на осомничениот.

Притоа, со обезбедените снимки од видео надзорот на околни објекти е утврдено дека Илјашев на критичниот ден се качил во автомобилот на осомничениот во Струмица, иако осомниченото лице во своите искази дало контрадикторни информации за тоа дали го превезувал оштетениот. Дополнително, во работилница во сопственост на осомничениот во село Добрејци беа пронајдени биолошки траги кои потекнуваат од жртвата.

На 20 јуни во водите во близина на браната било пронајдено буре во кое се наоѓало тело на починато лице. Со цел да се задржи под водата, бурето било оштетено и во него биле поставени тегови. По наредба на јавен обвинител, била извршена ДНК анализа со која се утврди дека починатото лице е исчезнатиот Илјашев.

Тој бил уличен препродавач на девизи, а кај него не биле пронајдени околу 26.000 евра кои, според неговите блиски, ги носел со себе на денот кога исчезнал.

Основното јавно обвинителство Струмица нареди обдукција на починатото лице, вештачење на неговата облека и на предметите пронајдени во бурето. Се преземаат и дополнителни мерки за целосно расчистување на настанот.

Поради опасност осомничениот да се даде во бегство или да влијае врз сведоците, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Струмица достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Ваквиот предлог бил прифатен од страна на судот и на лицето му е определен притвор.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски