Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Од:

МВР извести дека вчера во 15.55 часот во полициската станица во Гевгелија било пријавено дека на улицата „Нов булевар Гевгелија“, И.К.(76) од Струмица, управувајќи возило „опел“ изгубил контрола и со возилото удрил во паркиран автобус „волво“.

И.К. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Гевгелија.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Почина Ерик Дејн, ѕвездата на „Вовед во анатомија“

Комеморација за актерката Ленче Делова во Драмски театар

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Почина Џеси Џексон, американскиот активист за граѓански права

Почина актерката Ленче Делова

Катерина Ѓуровски

Почина Натан Смит, синот на Лил Џон