Струмичанец се возел низ град со повеќе паковања кокаин, полицијата му упаднала и дома

Од:

Вчеравечер, на десет минути пред полноќ, во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.И.(47) од с.Добрашинци, струмичко.

„При преглед кај него и во неговото возило „шевролет“, како и при преглед на теренот на излезот на Струмица кон Валандово биле пронајдени повеќе пакувања со кокаин. Исто така, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени едно пакување кокаин и други предмети поврзани со делото“, велат од МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Македонец фатен со 68 килограми кокаин во Франција

А1он

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Во Милано е уапсен Албанец со 70 килограми кокаин

Ник Кирјос суспендиран поради кокаин

Горан Наумовски