Струмичанец се обидел да силува пет жени

Од:

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Т.Т. (25) од струмичко село поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „силување“, казниви по член 186 став 4 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Пријавениот ги извршил делата во периодот од 01.45 часот на 29.12.2017 година до 05.00 часот на 02.01.2018 година на подрачјето на Струмица. Според документираните сознанија, Т.Т., на улиците „Васил Сурчев“, на бул. „Маршал Тито“,„Младинска“, ул. „Невена Стојкова“ и ул. „Народна Револуција“, ги напаѓал жртвите, но откако му пружале отпор бегал од местото.

На 02.01.2018 година, по извршено кривично дело, во момент кога бегал, забележан е од полициски службеници, по што бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Струмица.
По целосно документирање на настанот, тој со кривична пријава е предаден во Основното јавно обвинителство Струмица.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Струмица, еден маж користел секира, полицијата уапси еден од насилниците, вториот е во бегство

13 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица

Почина човек во изгорен стан во зграда во Струмица

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ