Струмица се солидаризира со трагично загинатите лица и го откажува денешниот протест

Од:

Протестот закажан за денеска во 18.00 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ од Струмица се откажува поради загинатите граѓани во Куманово.

Денешниот мирен протестен марш во Струмица под мотото „ Кажи НЕ на диктатурата“, СЕ ОТКАЖУВА поради прогласувањето на вонредна состојба во Куманово и загинатите жртви. Солидарноста и соживотот е единственото кое го посакуваме во државата, затоа Струмица се солидаризира и го ОТКАЖУВА денешниот протест!

Во наредните денови струмичани своето незадоволство ќе го изразат преку тематски дебати на отворено, на мирен и достоинствен начин.

Нема да дозволиме на неколку луѓе од врхушката на власт да го реализираат црното сценарио за предизвикување меѓуетнички конфликт и поделеност меѓу луѓето. Сплотени и единствени меѓу себе, без разлика на етничка, национална, верска и припадност по било кој основ, да кажеме „СТОП НА ДИКТАТУРАТА!“.

Би можело да ве интересира

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица

ВИДЕО: Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле

Катерина Ѓуровски

Јован и Јане се првите бебиња во Струмица во оваа година

Загаден е воздухот во Струмица, власта предлага вонредни мерки

Горан Наумовски

Струмичанец и се заканувал на 39-годишната сопруга

Горан Наумовски