Струмица протестира: Шарена работилница, па сите на улица!

Од:

„Денеска во 17:00 часот во Малиот градски парк ќе се одржи „#Шарена работилница“ во рамките на протестот „#Шарена револуција“ кој традиционално ќе започне во 19:00 часот од пред стара полиција.

Сите граѓани и граѓанки кои сакаат да бидат дел од подготовките на протестот може да учествуваат во шарањето на маиците и балоните и да бидат директни учесници во креирањето на шарената струмичка револуција.

Воедно, од иницијативата „Струмица протетира“ сакаме уште еднаш да потенцираме зошто  протестираме:

1.Оваа борба е против авторитарниот и корумпиран режим, чие олицетворение е Никола Груевски.

2.Оваа борба е немирна, но насилна.

3.Ниедна група од граѓанското општество нема монопол врз борбата против авторитарниот режим.

Повеќе информации можете да најдете на Facebook“, се вели во соопштението на иницијатива „Струмица протестира“.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски