Струмица потпиша меморандум за соработка со Општина Петрич, Бугарија

Од:

Меморандум за заедничко разбирање и соработка денеска потпишаа Општина Струмица и Општина Петрич, Република Бугарија. Двајцата градоначалници истакнаа дека документот е основа за продлабочување на соработката во повеќе области.

– Во изминатите години меѓу нашите општини постоеше конкретна соработка во делот на реализација на меѓугранични проекти со финансирање на фондовите од ЕУ. Одиме чекор напред кон продлабочуавње на соработката и да постигнеме некакава соработка за доброто на сите грагани на Струмица и Петрич. Како плод на тие напори е документот кој го потпишавме денеска, а е од суштинско значење за граѓаните на двете општини, рече в.д. градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов.

Во Меморандумот се планира продлабочување на соработката во делот на економијата, културата, спортот и други области.

– Потпишувањетпо на меморандумот е од големо значење за меѓусебна соработка. Општина Петрич ќе ја искористи можноста за создавање и креирање идеи и проекти, кои може да ги реалзираме заедно. Ова ни дава можност да ги искористиме европски фондови за да може да работиме на проекти од обостран интерес. Екипите на двете општини работат интензивно со надеж дека овој меморандум ќе биде исполнет со содржина за иднината на нашите граѓани, рече градоначалникот на Петрич, Димитар Врчков.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите