Струмица од денеска системски гасифицирана

Од:

Градоначалникот на Струмица Зоран Заев денеска објави дека оваа општина од вечер и официјално станува прва во Македонија што ќе биде системски гасифицирана.

– Сигурно се сеќавате дека во април минатата година кога започна изградбата на гасоводната мрежа во нашиов град, дадов изјава дека времето во Струмица ќе се мери пред користењето и по стартот на користењето на природниот гас, како и насекаде во светот. Токму денеска е тој ден кога започнува мерењето на новото – поубаво време за Струмица и струмичани, изјави Заев на денешната прес-конференција.

Користењето на природниот гас во фабриките, во домовите и јавните институции, според него, е историски момент за Струмица, а преку неа станува реалност и во Република Македонија.

Тој ги повика струмичани вечер да дојдат на свеченоста на плоштадот во Струмица на прославата на гасификацијата на општината.

– Се собравме за отворањето на „Глобал“, за пуштањето во употреба на новиот плоштад, за почетокот на изградбата на новата црква и уште по многу други поводи, а овој пат Ве поканувам да се собереме по повод почетокот на користењето на природниот гас во Струмица, рече Заев.

Синоќа во состав на комплексот Сириус во Струмица, отворен е најголемиот СПА- центар на Балканот, „Spa&wellness Sirius, а центарот почна со работа денеска.

Објектот има затворен базен, турска бања, солена бања и соба, финска сауна, џакузи, соба за релаксација, инфрацрвена сауна, фитнес и масажа.

Големи се плановите за општината. Прочистителна станица, виртуелна сообраќајница, при пејд паркиралишта, агроберза,  воведување јавен превоз, голф терен на Чам Чифлик, поврзување на градот со ридовите над него, нова населба на турското маало, изградба на детски градинки, ова се само дел од вкупно 44 капитални програми за развој на Струмица во 2013, 2014 и 2015 година предложени од градоначалникот Зоран Заев, кој на престојните локални избори повторно ја бара довербата на струмичани за да ги реализира зацртаните проекти.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење