Струмица ја спроведува акцијата „За чиста струмичка пролет“

Од:

Од 21 март до 23 април јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и општина Струмица ја спроведуваат традиционалната акција за генерално чистење на градот и населените места, која годинава се спроведува под мотото „За чиста струмичка пролет“.

Според директорот на „Комуналец“ Зоран Ѓоргиев, целта на акцијата е општина Струмица да го сочува епитетот за чиста средина и раззеленета општина.

– „Комуналец“ веќе почна со своите активности уште на 21 март и понатаму ќе продолжиме. Ја користам приликата да ги повикаме сите граѓани да учествуваат во акцијата, невладините организации, граѓански здруженија кои се од областа на екологијата, но и останатите, исто така ги повикувам и стопанските и правните субјекти да учествуваат и да ни помогнат, рече Ѓоргиев.

Тој ги повика правните субјекти кои се претежно во градежниот дел и кои располагаат со соодветна механизација и возила да се вклучат за, како што рече, побрзо, поуспешно и поефикасно да ја завршат акцијата.

Раководителот на работната единица „Чистота“ Бранко Горѓиев информираше за динамиката според која ќе се спроведува акцијата.

– За постигнување на што подобри ефекти се договоривме првиот ден, на 26 март акцијата да почне од населбите Карпош и Чифлик. Тоа значи в недела ги повикуваме сите граѓани од овој дел на градот да учествуваат во акцијата во која јавното комунално претпријатие „Комуналец“ ќе работи на генерално чистење, како на сите улици и уредување на зелените површини. Граѓаните ќе треба само својот отпад од подрумските простории, дворните места и стариот мебел што го имаат да го извадат пред своите куќни места и да се јават на телефонскиот број 034/325-909 и веднаш уште истиот ден отпадот ќе биде подигнат, рече Горѓиев.

На 2 април акцијата ќе продолжи во деловите на градот каде отпадот се собира во вторник и петок, односно тоа се деловите покрај транзитниот пат, булеварот и улицата „Маршал Тито“ и долж се до рудникот и третиот реон, кој што ќе биде опфатен на 9 април ќе биде во горниот дел на градот каде отпадот се подига во вторник и четврток.

Надлежните институции порачаа дека на време ќе ги информираат граѓаните за текот на акцијата.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски