Струмица ја промовира социјалната карта на општината

Од:

Центарот на заедницата на Струмица, денеска ја промовираше социјалната карта, прв ваков документ кој на едно место ја дава социо-економската и демографска слика на општината.

Станува збор за едногодишен проект дел од концептот „Општина по мерка на граѓаните“ што се спроведува од 2014 година.

– Направивме регистар за социјални услуги. Во самата карта се опфатени статистички податоци кои се прибирани од последниот попис од различни институции ФЗОМ, ПИОМ, потоа податоци и препраки добиени од фокус групи, од претседатели на месни и урбани заедници. Ова е важен документ што ќе им помогне во понатамошната работа и на општинската администрација, на невладиниот сектор, вели Горан Сајчевски од Центарот заедници на Општина Струмица.

Експертите посочуваат дека социјалната карта содржи и конретни препораки за да се делува во областите каде се констатирани слабости.

– Со оваа карта ги идентификуваме постојните социјални услуги, но ги мапираме празнините, за да им се излезе во пресрет. Самата социјална карта прави кратка анализа, во повеќе области, домување, образование, здравестена заштита, пензиско и здравствено осигурување. Врз основа на официјалните податоци и анализа на документите за сите овие области има препораки. За да се излезе во пресрет на сите ранливи групи, вели Санела Шкријељ, експерт од областа на социјалната заштита и автор на социјалната карта.

Од Центарот на заедниците велат дека во делот на мапираните проблеми во делот на детста заштита е потребата од нови градинки, кои локалните власти најавуваат дека ќе ги прават во руралните средини, како и вклучување на децата од сите етнички групи во институциите за предшколска возраст.

Истовремено, во делот на економската активност, социјалната карта покажува дека жените од руралните средини воопшто не биле пријавени во Центарот за вработување или пак биле регистирани како пасивни баратели, со што ја губат можноста за користење на активните мерки и програми за вработување.

Изработката на социјалната карта на Општина Струмица е поддржана и од Институтот Отворено општество на Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите