Струмица и Руската федерација ќе ја продлабочуваат економската соработка

Од:

Општина Струмица има потенцијал, Руската федерација потреба, а двете страни заедничка желба за соработка, особено во економијата, ова е заедничкиот заклучок од средбата на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Олег Николајевич Шчербак што се одржа денеска во Струмица.

Пристигнавме во Струмица за да се запознаеме со потенцијалот на струмичкото стопанството кое има важна улога во економијата на Република Македонија. Ние сметаме дека ќе успееме да ги прошириме врските меѓу нашите народи не само во традиционалните, туку и во нови област. Се надевам дека по средбата со раководството на регионот ние ќе најдеме нови можности за интензивирање на економската соработка. Струмица е град кој се развива многу динамично и мислиме дека тука има голем потенцијал за нашата билатерна соработка, рече амбасадорот на Руската Федерација Олег Николајевич Шчербак.  За домаќинот, градоначалникот на Струмица Зоран Заев, економскиот белег на средбата има големо значење.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите