Струмица го промовираше проектот за развој на алтернативни форми на туризам

Од:

Општина Струмица од Македонија и регионот Лерин од Република Грција, денеска во хотелот „Сириус“ ги промовираа туристичките можности преку проектот „Развој на алтернативни форми на туризам – податоци за туризам“ кофинансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Македонија.

Учесниците на промоцијата ги поздрави претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.

-Општина Струмица се наоѓа на поволна географска местоположба и располага со голем туристички потенцијал за развој на алтернативните форми на туризам. Богатото историско и културно наследство, бројните археолошки локалитети и еколошки чистите предели, ја прават Струмица атрактивна дестинација за сите љубители на историјата, добрата храна и убавата раскошна природа. Општина Струмица и во иднина ќе продолжи да ги спроведува предвидените активности од проектот, преку кои убеден сум дека ќе се создаде квалитетна база на податоци, инфраструктурна основа, стратешки концепт и квалитетен промотивен материјал неопходен за развој на туризмот, рече Даскаловски.

Според Ѓоко Ристовски, проект менаџер од Канцеларијата за европски проекти при општина Струмица, овој проект ќе биде финализиран до средината на идната година.

– Овој проект вклучува три групи на активности и тоа, истражувачки активности, инфраструктурни и промотивни. Во однос на истражувачките, во фаза на изработка е стратегија за туризам на општина Струмица која вклучува повеќе анализа за утврдување на фактичката состојба на секторот туризам и угостителство, но исто така и утврдување на мерки и препраки за подобрување на истата. Исто така, во тек е идентификација и категоризација на 30 патеки за алтернативен туризам. Во однос на инфраструктураната група на активности, оваа група вклучува маркирање и одбележување на утврдените 30 патеки и изградба на пешачка патека во населеното место Банско која ќе ги поврзува сите културно – историски локалитети во ова место.

Оваа патека е во фаза на градба и ќе биде во должина од над 750 метри поплочена и опремена со клупи и канделабри и ќе биде погодна и за рекреативен, здравствен и спортски туризам.

Во однос на промотивните активности ќе биде изработен документарен филм и видео спот за промоција на Струмица, а наредната година ќе биде изработен и специјализиран интернет портал за промоција на културните и историските особености на Струмица, рече Ристовски.
Исти вакви активности ќе се реализираат и во регионот на Лерин во Република Грција. Според Амбас Василис, ИПА програмите се многу добри за западниот регион на Грција и за Струмица кои ќе ја подобрат инфраструктурата, алтернативните форми на туризмот и ќе ја продлабочат соработката меѓу луѓето од двете страни.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси пироман кој опожари две возила во кругот на струмичката болница

Две хаварисани возила изгореа во кругот на струмичката болница

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица

ВИДЕО: Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле

Катерина Ѓуровски