Струмица ги одбележа Меѓународниот ден на победата над фашизмот и Денот на Европа

Од:

Со пригодни свечености општина Струмица ги одбележа 9 Мај – Меѓународниот ден на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Пред споменикот на паднатите борци во НОАВМ во Малиот градски парк беше положено цвеќе, а за значењето на празникот зборуваше Марјан Даскаловски, претседател на Советот на општина Струмица.

-Тоа што не смее да се заборави е дека и нашава земја беше дел од таа страотна војна. Македонија беше на страната на антифашистичката коалиција и во борбите против фашистичките окупатори даде околу 33.000 жртви, меѓу кои се и седумте илјади Евреи кои за време на војната беа депортирани во конценрациониот логор Треблинка. Поради сево ова Македонија, рамноправно со сите останати слободољубиви земји го слави денешниов ден, затоа што победата над фашизмот беше победа и на Македонија како земја која беше на страната на праведните, на страната на оние кои сакаа мир, слобода и разбирање, рече Даскаловски.

Во организација на општина Струмица, ЕУ и ЕУ Инфо точка за Денот на Европа се одржа културно-забавна програма со учество на ученици.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри