„Струмица гас“: Завршивме уште една гасоводна мрежа

Од:

Јавното претпријатие „Струмица гас“ денеска соопшти дека комплетно ја завршила гасоводната мрежа на дел од улиците „Младинска“ и „Ѓорги Трајковски“, како и целата „Мануш Турновски“ во должина од 500 метри.

– Во моментов се врши тестирањето на мрежата согласно законските прописи на Република Македонија. Него го вршат инжинери од Машинскиот факултет и Државниот инспекторат. Еден час мрежата се тестира на притисок од шест бара, потоа 24 часа под притисок од четири бара, по што очекувам ако е се во ред, мрежата да биде вклучена на гасоводот, истакна директорот на „Струмица гас“, Зоран Китанов.

Тој најави дека по празниците ќе почне изградба на нова мрежа на улицата „Иљо Шопов“ поради големиот интерес на тамошните жители. Очекуваат до крајот на годината да ги завршат сите планирани активности.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски