„Струмица Гас” започна со приклучување домаќинства на гасоводната мрежа

Од:

Од денеска и официјално започна приклучувањето на домаќинства од источниот дел на Струмица на секундарната гасоводна мрежа.


Како што истакна директорот на ЈПЕД „Струмица Гас”, Зоран Китанов, во оваа фаза ќе бидат приклучени домаќинства од 10 улици, каде веќе е изградена мрежа во должина од околу 3 километри.


– Со официјалното добивање на потребните документи од Министерството за економија и останатите надлежни државни институции, од денес започнуваме со приклучување на домаќинствата и стопанските објекти во овој дел од градот, како и на оние делници каде поминува секундарната гасоводна мрежа до училиштата и општинските институции, кои од минатата година веќе го користат гасот како енергенс. Цената на приклучокот со потребната опрема која е набавена од германската фирма Естнер изнесува 700 евра, рече директорот на „Струмица Гас “, Зоран Китанов.


Според развојнитепланови на ЈПЕД„Струмица Гас”, во текот на есента ќе започне гасификацијата на куклишкото поле, каде раноградинарите од оваа село ќе можат да го користат природниот гас за затоплување на оранжериите.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски