Струмица гас почна да ги приклучува и домаќинствата на гасоводната мрежа

Од:

Со добивањето на решението за ставање во употреба на 2.750 метри долгата делница од секундарната гасоводна мрежа, а добиено од Републичкиот инспекторат за садови под притисок при Министерството за економија, Јавното претпријатие за енергетска дејност „Струмица гас“ почна и домаќинствата да ги приклучува на гасоводната мрежа.

Според директорот на претпријатието, Зоран Китанов, на гасоводната мрежа ќе се приклучуваат домаќинствата кои гравитираат околу улиците: „Ѓорги Упчев“, „Маршал Тито“, „Ристоман Попчевски“, „11-ти Септември“, „Епименонда Поп Андонов“, „Елка Јанкова“, „Спиро Захов“, „Младинска“, „Илија Чучков“ и „Мара Минанова“.

– Оваа година ни беше доста успешна, со доста заштеди за локалната самоуправа. Сега почнуваме со еден друг дел, со приклучокот на домаќинствата, со индустријата и за таа цел ние пролетта продолживме со работа и пред еден, еден и пол месец завршивме со една друга делница, која што е со должина од околу три километри и за која сите испитувања и тестирања успешно завршија и од Републичкиот инспекторат за садови под притисок при министерството за економија добивме решение за употреба на новите 2.750 метри кои што се нова делница од секундарната мрежа со помал обем и опфаќа повеќе улици. Целата оваа делница е испитана, одобрена и подготвена за пуштање во употреба и за приклучок на домаќинствата. Исто така, пристигнати се и сетовите за приклучок на куќните ормари од реномираната компанија ЦМЦ – ЕЛСТЕР, нашите екипи се на терен и почнуваме со реализирање на поднесените барања. Во меѓувреме, набавивме и уште три мат модули, со што уште повеќе ќе се зголеми нашата моќ за снабдување и пренос на гасот, вели Зоран Китанов, директор на ЈПЕД „Струмица гас“.

Од „Струмица гас“ додаваат дека интензивно ќе работат и во летните месеци се со цел, во новата грејна сезона на што поголем број домаќинства да им овозможат да ги почувствуваат благодетите од природниот гас.

Струмица е прва системски гасифицирана општина во Република Македонија, чиј пример почнаа да го следат и другите општини.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски