Струмица Гас: Лажна вест е прес конференцијата на Пишев, да се извини, ќе покренеме кривична пријава

Од:

Од Јавното претпријатие „Струмица Гас“ со писмено соопштение реагираат на прес-конференцијата на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ во која што тој посочи на наводен криминал во делењето тендери за гасификацијата на градот.

„Васил Пишев не може со лажни вести да ја манипулира јавноста за да го спаси обвинетиот Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ за направените криминали.

Лага е дека граѓаните на општина Струмица наводно плаќале поскап гас. Вистината е дека само градот Струмица има реализирано проект за дистрибуција на природен гас.

Цената по којашто се набавува гасот е согласно Пазарот на CNG и во овој момент таа е уште пониска од цената врз основа на којашто е доделен распишаниот меѓународен тендер.

Лага е дека фирмата не ги исполнува условите за добивање на тендерот.

Си Ен Џи системс го доби тендерот за набавка на гас за Ј.П Струмица – Гас во 2016 година, на меѓународен повик за доставување најповолна понуда, во согласност со највисоки стандарди и доставена најниска цена и истиот беше одобрен од бирото за јавни набавки затоа што е во согласност со критериумите и законот.

Посочуваме дека пазарот на природен гас е либерализиран и не е возможно да се фаворизира одредена компанија, ако таа не е способна да реализира ваков тип на снабдување со природен гас.

Пишев да се извини во рок од три дена, во спротивно против него ќе биде покрената кривична пријава за лажно пријавување“ стои во соопштението на „Струмица Гас“.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Струмица, еден маж користел секира, полицијата уапси еден од насилниците, вториот е во бегство

13 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица

Почина човек во изгорен стан во зграда во Струмица

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ