„Струмица – гас“ ја намали цената на природниот гас

Од:

Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица гас“ од први јули ја намали цената на природниот гас за 3,5 проценти. Според директорот на претпријатието, Зоран Китанов, од минатата година до денес, цената на гасот е намалена за вкупно 30 насто што не се случило со ниеден друг енергенс.

-Минатата година во ова време цената на гасот беше 45 денари со ДДВ за еден метар кубен, а сега е 32 денари. Со тоа, дефинитивно, природниот гас е најефтин енергенс и граѓаните треба да го користат од повеќе причини: комодитетот е прекрасен и тие што го имаат знаат што значи тоа, нема планирање за дрва, цепење, чистење, туку, само еден термостат кој што го програмирате еднаш во годината и тој секој ден си ја врши својата работа. Гасот согорува 98 посто, што значи мислиме и на генерациите кои што доаѓаат, гасот не ја загадува нашата околина. Порано, многу оџаци, енергетски изразено околу 13 мегавати ја загадуваа Струмица, сега, кога другите градови во зимата се гушат во смог, струмичани имаат сино небо и чист воздух. Што значи, не случајно, гасот е најупотребуваниот енергенс во цел свет и затоа им препорачувам на сите граѓани да дојдат во нашите простории, да поразговараме и да им објасниме како наједноставно да стигнат до користењето на природниот гас, рече Китанов.

Тој додаде дека во континуитет се врши проширувањето на гасоводната мрежа во градот.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски