Струмица домаќин на Регионалниот натпревар на Светскиот ученички куп по англиски јазик

Од:

СОУ „Јане Сандански“ од Струмица денеска и утре ќе биде домаќин на Регионалниот натпревар од Светскиот ученички куп по англиски јазик.

Околу 400 ученици од земјава и регионот преку практикување на англискиот јазик ќе одговараат на прашања, ќе пишувата есеи и ќе дебатираат.

Победниците ќе учествуваат на глобалниот натпревар во Барселона, кој ќе се одржи од 22 до 27 јули и на него се очекува да учествуваат над 2.500 учесници од 50 земји. Најдобрите во Барселона ќе бидат поканети на „Турнирот на шампионите“ кој ќе се одржи на Универзитетот „Јеил“ во Њу Јорк, САД.

Лани ученичките Тијана Иванова, Магдалена Стојанова и Ивана Цветанова од струмичката гимназија учествуваа на завршниот натревар во САД, каде под менторство на професорките Верица Јанкова и Натка Јанкова освоија четири златни медали и на тој начин овозможија регионалниот натпревар да се одржува во Струмица.

Свеченото отворање на натпреварот е закажано за денес во 13 часот.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски