Струмица без проблем со водоснабдувањето, не се размислува за рестрикции

Од:

Секој час низ славините во домовите и објектите во Струмица протекува 500 кубика вода, а причина за вака зголемената потрошувачка се високите температури.

Како што информираат од ЈПКД „Комуналец“ и покрај зголемената потрошувачката, состојбата со снабдувањето на Струмица и осумтте населби, со здрава вода за пиење е стабилна и не се размислува за рестрикции во водоснабдувањето.

– И покрај максималното зголемување на потрошувачката, со оглед дека имаме доволен капацитет на преработена вода во двата резервоари, успешно ги надминуваме ваквите потрошувачки удари и засега не размислуваме за воведување рестрикции во водоснабдувањето. Но, апелираме до граѓаните и останатите корисници рационално да ја користат водата, вели Андреј Тошев, раководител во Одделението за надзор и планирање во ЈПКД „Комуналец“.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски