58-годишниот Трајче А. од Скопје починал како последица од струен удар додека работел во дворот од куќата во село Бунарџик.
Несреќата се случила вчера околу пладне, додека ја косел тревата.
Во еден момент косилката му се расипала, по што се обидел да ја поправи, но добил струен удар од кој починал веднаш. Извршен е увид, а телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.