Стручна дебата за откажување на бубрезите

Од:

Здружението за кардиоваскуларна хирургија на Република Македонија денеска ќе одржи трето собрание на тема „Акутна бубрежна инсуфициенција на одделите за интензивно лекување“. Доктори од Македонија и од странство ќе дебатираат за проблемот со бубрежно затајување, кое може да се случи, посебно по тешка операција, дури и кај пациенти кои претходно немале никаков проблем со бубрезите.

Ќе се дискутира за причините, за подобра превентива, нови начини на лекување и како да се спречи да прерасне во хроничен проблем, што е ново во светот и што се применува во Македонија.

Акутната бубрежна инсуфициенција, или скратено АБИ, е ненадејно губење на способноста на бубрезите да ја вршат нивната основна функција – елиминирање на вишокот течности и електролити, како и отпадниот материјал од крвта.

Акутната бубрежна инсуфициенција може да биде фатална и бара интензивен третман. Но таа може да биде реверзибилна состојба. Ако пациентот е во добра здравствена состојба, тогаш големи се шансите при навремено реагирање да се поврати нормалната бубрежна функција.

Би можело да ве интересира

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски