Падна лустрацијата на Трендафил Ивановски во Стразбур

Од:

Европскиот суд за човекови права утврди дека во случајот на лустрираниот судија Трендафил Ивановски постои повреда на членот 6 и членот 8 од Европската конвенција за човекови права, пренесе Академик.

По одлуката на Лустрациска комисија, дека Трендафил Ивановски бил соработник со тајните служби, тој до Европскиот суд за човекови права се жалеше дека лустрациските постапки не биле фер и дека му биле нарушени неговиот углед и достоинство. Ивановски се жалеше и дека во постапките немало еднаквост на оружјата, немал доволно време да ги подготви аргументите, како и дека не му бил овозможен пристап до досиејата.

Во однос на наводите на Ивановски, Европскиот суд за човекови права смета дека постоела повреда на членот 6 и членот 8 од Европската конвенција за човекови права, пресудувајќи дека лустрациските постапки не биле фер и дека му било нарушен угледот и достоинството на Ивановски. Според пресудата, државата, т.е. граѓаните на РМ ќе треба да му платат отштета од 5. 350 евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Џолев: Не сме тука да водиме војни, проблемите во судството се заеднички

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови