Лекарите биле принудени да ја ампутираат десната потколеница на 24-годишниот В.С. и левата потколеница на 20-годишниот К.П. кои биле тешко повредени во вчерашната сообраќајка која се случила близу струмичкото село Василево.
Момчињата биле во автомобил „застава“ кое го управувал 24-годишниот З.С. од Струмица. Во близина на „Василевска раскрсница“, возачот кој немал положен возачки испит, не ја прилагодил брзината на движење, изгубил контрола и со возилото удрил во банкина. Од ударот возилото се преполовило и го повредило двете момчиња.