Стотина илегални мигранти откриени во товарен воз во Велес

Од:

Повеќе од 100 илегални мигранти од Сирија и Ирак, на различна возраст, биле откриени синоќа на железничка станица Велес во вагоните од товарен воз кој превезувал јаглен од Солун.

МВР соопшти дека веднаш се преземени мерки за згрижување на илегалните мигранти. Со поголем дел од илегалците не била можна комуникација и не знаеле ниту каде се наоѓаат ниту знаеле да посочат од каде дошле или каде одат, иако некои од нив со себе имале пластични кеси со логото на Лидл. Со мал дел од нив е остварена комуникација и утврдено е дека не се сите заедно и дека се збир од повеќе групи, а секоја група си имала свој водач низ земјите од кои патувале од Сирија преку Турција и Грција до Македонија.

Според нивните кажувања, од Сирија кон Турција не им требал водич ниту платиле некому, но од Турција за да влезат во Грција дел од нив плаќале и по 3.200 евра по човек. Од Грција за да дојдат до Србија им било побарано од 600 до 800 евра по човек, а плаќањето било договорено да биде во Србија, откако ќе биле преземени.

Од извршениот разговор како едно од местата на качување во возот, била посочена Железничката станица во Идомени, Грција каде што илегалците не биле забележани од никого. МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски