Стотици луѓе собрани на Првомајска по страотната сообраќајка во која загинаа две лица

Од:

Стотици луѓе се собрани на Првомајска кон населбата Драчево по страотната сообраќајна несреќа во која загинаа две лица.

Сообраќајот е блокиран, собрани се роднини на загинатите, а пристигна и возило на брза помош бидејќи неколкумина од нив загубија свест. Телата на двете млади момчиња се уште се на местото на несреќата и се чека да пристигне јавен обвинител да изврши увид. Од МВР се уште немаат детали како се случила несреќата.

Очевидците тврдат дека двете момчиња биле сами во двете возила и по сообраќајната несреќа загинале на лице место. Станува збор за момчиња на возраст од околу 20 до 30 години.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден