Стотици граѓани од Македонија тргнаа на митингот на Вучиќ: Сендвичи и бесплатен превоз до Белград

Од:

Стотици Македонци и Срби од Македонија, поддржувачи на српскиот претседател Александар Вучиќ рано изутрина тргнаа со автобуси кон Белград на големиот собир кој ќе се одржи вечерва.

„Многу нè има!

Претседателот Александар Вучиќ ја има поддршка на Србите од Македонија и Македонците со српско потекло!

Во огромен број се упативме кон Белград за да ја поддржиме политиката на мир, слога и стабилност!“, објави Здружението „Мир, слога, стабилност“ кое организираше бесплатен превоз за македонските граѓани.

Во најавите за организирањето на бесплатниот превоз за македонските граѓани Здружението „Мир, слога, стабилност“ објавени на социјалните мрежи напиша:

„Да го поддржиме човекот кој животот го посвети на Србија! Одважи се на повикот на Претседателот Вучиќ и дојди со нас во Белград! Организираме превоз до Белград на 26.05 (петок) на најголемиот собир досега одржан во Србија. Да живее Србија!“, стои во повикот за учество на собирот во Белград.

Претходно српската редакција на телевизијата Н1 дојде во Скопје и Куманово за да сними репортажа за здружението од Македонија кое организира превоз за партински митинзи.

„Од другата страна на улицата се наоѓа обична станбена зграда, која исто така е доста позната. Во неа некогаш живеел највисокиот функционер на оваа земја. Никола Груевски исчезна од станот во оваа зграда и со тоа избегна одговорност пред властите во Северна Македонија“, пишуваше Н1.

Според најавите, утрово заминаа најмалку 300 граѓани од Скопје, Куманово, Тетово и Неготино кон Белград, а организаторот најави дека за нив се обезбедени сендвичи и вода.

Српски Блиц јави дека над 200 автобуси тргнале и од Косово, а поддршка ќе пристигне и од Република Српска.

Собирот наречен „Србија на надежта“ ќе се одржи вечерва на платото пред Народното собрание во Белград, со почеток во 19 часот.

Би можело да ве интересира

Досадно реми во Тирана: Албанија-Србија без голови

ВИДЕО: Пред мечот Албанија-Србија во Тирана повторно сцени со кинење знамиња

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Исклучен од сообраќај – возел велосипед со 3,14 промили алкохол во крвта

А1он

Захарова: Убедени сме дека Србите се свесни за ризиците поврзани со продажбата на оружје на Украина