Стопанската комора на Косово бара реципроцитет кон Северна Македонија поради повторната забрана на увоз на риба

Од:

Стопанската комора на Косово (ОАК) изрази длабока загриженост поради наводната повторна забрана на извозот на икра и риба за порибување од Косово во Северна Македонија и побара од косовскиот министер за трговија и индустрија Ендрит Шаља итно да го реши проблемот.

ОАК тврди дека, иако одлуката на македонските власти од први јуни, годинава, за увоз на риби за порибување беше укината минатиот месец, таа деновиве повторно почнала да се применува.

– Измените на законот и процедурите од страна на Северна Македонија стануваат мошне голема пречка не само за нашите бизниси туку и за македонските бизниси кои се снабдуваат од Косово. Поради тоа, ОАК оствари контакти со фирмата “Трофта“ и со фирмата „Фреш Фиш“ од Гостивар, кои нагласија дека за последните промени кои се направени бизнисите не се претходно информирани и им се создаваат големи бариери во соработката. ОАК бара од министерот Шаља да преземе итни мерки на реципроцитет до постигнувањето конечно решение за ова прашање, се вели во соопштението на ОАК.

По претходната забрана за увоз од Косово на икра и риба за порибување од страна на македонските власти, косовското Министерство за трговија и индустрија во август наложи забрана на увоз на мед и компири од Северна Македонија. На почетокот на септември, откако косовската страна ги исполни предвидените услови за извоз на икра и риба за порибување, двете земји постигнаа договор и забраните беа укинати.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Градежните активности се одвиваат во полн ек

Предраг Петровиќ

За една седмица констатирани 4490 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Историски важен договор со САД за економијата

САД и Македонија потпишаа договор за реципрочна и фер трговија

Горан Наумовски

Симиќ: Во експозето на Курти нема Срби, ниту пак правата што ни се гарантираат со Устав не ни се загарантирани