Стопанската комора бара државата да издвојува повеќе пари за образованието

Од:

Учеството на образованието во државниот буџет да се зголеми од 3,5 отсто на пет проценти, предлага претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески.

Во неговата денешна анализа објавена на интернет страницата на Комората, Азески нагласува дека и да не беше КОВИД-пандемијата, недостигот од стручен кадар ќе останеше најголемиот проблем на компаниите.

Азески укажува на потребата од креирање релевантна уписна политика според потребите на компаниите на локално и регионално ниво, модернизирање на стручното образование и обука преку идентификување на потребите на компаниите, квалитетна реализација на практичната обука и зајакнување на социјалниот дијалог.

-Сето ова што го зборуваме не може да се реализира ако една влада не е подготвена на радикален чекор, а тој чекор е многу едноставен – учеството на образованието во буџетот од 3,5 да се зголеми на 5 отсто сега и веднаш, се разбира, во мандат од четири години, секоја година по 0,30 отсто, но однапред декларирано и без измени, наведува Азески.

Според него, сите зборуваме дека сакаме да живееме во развиена и богата држава, но клучот за економски развој на земјата се вложувањата во квалитетно образование. Тоа значи зголемување на финансиските средства што ќе одат за образование.

-И доколку не беше пандемијата, клучен проблем за реалниот сектор и натаму ќe беше недостигот од стручен кадар со релевантни вештини и компетенции, кој би можел веднаш да се вклучи во работните процеси на компаниите. Тоа е и причина Стопанската комора сериозно да го третира сегментот образование и да продолжи со претходно почнатите активности, кои од почетокот на 2021 година се однесуваат на изготвување нов закон за стручно образование и обука, како и на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ за унапредување на стручното образование и обука и за креирање уписна политика по мерка на бизнис-заедницата, наведува Азески.

Тој потсетува и на последната анализа која покажа дека 85 отсто од фирмите се подготвени да примат ученици за практична настава.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Стопанската комора со сет барања за дополнителна поддршка на домашниот агросектор

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто