Стопанска комора Македонија – Турција донираше 10 лап-топ компјутери на Основното училиште „Тефеjуз“ во Скопје

Од:

Стопанска комора на Македонија – Турција (МАТТО), за да им овозможи на учениците подобро образование за време на пандемскиот период, на Основното училиште „Тефејуз“ во Скопје му донираше 10 лап-топ компјутери.

Претседателот на МАТТО,Ајдован Адемоски и директорот на училиштето, Салајдин Зекир потпишаа протокол за соработка. Воедно беа доделени и лап-топ компјутерите. На свеченоста присуствуваа и извршниот директор на МАТТО, Шахпаз Молалиев, како и Муртеза Сулооџа,член на УО.

-На замолница од страна на директорот на училиштето, ќе се трудиме да ги задоволиме потребите на наставниците и учениците. Би сакал да им се заблагодам на нашите членови кои донираа квалитетни компјутери. Се надевам дека оваа година ќе ја завршат со далечинско образование и дека од следната ќе го продолжат школувањето со физичко присуство, изјави Адемоски и најави дека МАТТО ќе продолжи да ги поддржува основните училишта и во наредниот период.

Директорот на „Тефејуз“, Салајдин Зекир, се заблагодари на МАТТО за укажаната поддршка Тој истакна дека во септември испратиле замолница до МАТТО и дека новите компјутери ќе им овозможат на наставниците да обезбедат поквалитетно образование.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ