(ВИДЕО) Столтенберг: Нема влез во НАТО без промена на името

Од:

Македонија не може да стане членка на НАТО без да се реши проблемот со името, односно не може да стане 30. членка под привремената референца. Мора да се реши проблемот со името и нема план Б, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по средбата со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

Столтенберг исто така истакна дека од 27 април па наваму, Македонија постигнала значаен напредок и се заблагодари на новата влада за заложбата за интеграција на државата во НАТО алијансата.

Генералниот секретар на НАТО ги повика сите политички фактори конструктивно да се вклучат во работата на Владата со цел побрз и поефикасен напредок на Македонија.

– Ги поздравуваме вашите аспирации за евроатлантската интеграција бидејќи сакаме да ги видиме Македонија и регионот во стабилна состојба. Успеавте да ја надминете минатогодишната криза и свртевте нов лист, сега одите напред, рече Столтенберг.

Тој истакна дека ова е негова прва посета на Скопје на која што имал конструктивни средби со политичките актери во земјата.

– Привилегија беше да се обратам во Собранието по минатогодишните настани. НАТО ќе продолжи да ве поддржува поради вашата посветеност, рече Столтенберги се заблагодари за македонската ангажираност во мисијата во Авганистан.

Според генералниот секретар на НАТО важно е и понатаму државата да биде амбициозна во интеграциите, но истакна дека треба да се биде и реален и да се реши спорот со името.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Трамп ги нарече сојузниците на НАТО кукавици: Се жалат на цените на нафтата, но не сакаат да помогнат

Предраг Петровиќ

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Руте: Членките на НАТО ја поддржуваат војната на Трамп против Иран

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија